Насловна Актуелно Вести “Медена земја“ на 30 октомври со кинопроекција во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

“Медена земја“ на 30 октомври со кинопроекција во Берово

 

Еден од најнаградуваните македонски документарци “Медена земја“ ќе доживее своја кино премиера и во Берово.

 

Кинопроекцијата на документарецот во Берово е предвидена за 30 октомври 2019 година (среда), со почеток во 20 часот во големата сала на Бизнис инкубаторот во Берово.

Влезниците се со ограничен број и сите заинтересирани можат да добијат информации и резервации во Општина Берово – Општински услужен центар.

 

Кино дистрибуцијата на филмот низ Македонија започна минатиот месец и досега е договорена во 27 градови.

„Медена земја“ е најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди,. „Медена земја“ досега освои 20 меѓународни награди и доби позитивни рецензии во водечките светски медиуми како „Њујорк тајмс“ (The New York Times), „Лос Анџелес Тајмс“(Los Angeles Times), „Њујоркер“ (The New Yorker), „Венити фер“ (Vanity Fair) и други.

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“

Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

„Медена земја“ освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.

Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Времетраење: 85 мин.

Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска

Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума

Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев

Музика: „Фолтин“

Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам...

Жанр: Документарен

Возрасна категорија: Сите

Ова е официјалната фејсбук страница на филмот

https://www.facebook.com/honeyland.earth/?notif_id=1571214812443250&notif_t=page_invite_accept_admin

На овој линк можете да го погледнете трејлерот за филмот:

 

https://drive.google.com/file/d/1CbSIXYRaWrJ4pmGs329JpkKy7RgMVlob/view

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии