Насловна Актуелно Вести Одржан состанок во врска со промена на предвидената локација за претоварна станица за комунален отпад

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одржан состанок во врска со промена на предвидената локација за претоварна станица за комунален отпад

Претставници од Министерството за животна среднина, Европска делегација и претставници од Општина Берово, денес на заеднички состанок со граѓаните, во салата на Општина Берово, разговараа во врска со промена на локацијата за претоварна станица за комунален отпад од општините Берово и Пехчево.

Како што истакна Ана Каранфилова-Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад при Управата за животна средина, проектот е дел од Регионалниот план за управување со отпад за Источно-плански регион, преку кој со изградба на претоварна станица, која ќе се наоѓа на меѓникот, од регионалниот пат Берово-Виница кај село Смојмирово, отпадот ќе се транспортира до главната депонија во Свети Николе.

-Во моментов се прави програма за затворање на дивите депонии и за отворање на регионални депонии. Веќе е направена и процена за тоа колку ќе чини отстранувањето и затворањето на дивите депонии, како и процена за тоа уште колку време ќе функционираат дивите депонии, до моментот на отворање на новите регионални депонии. Како дел од проектот, изградба на претоварна станица е предвидена и во Берово. Значи не станува збор за депонија, туку за место, од кое со мали возила, отпадот ќе се транспортира до Меѓурегионалната депонија кај Свети Николе, истакна Каранфилова Мазневска.


За таа цел, како што додаде, општините ќе добијат возила за претовар, кои ќе го собираат и транспортираат отпадот од малите претоварни станици до големата депонија во Св.Николе.


Изградбата на претоварната станица на првично одредената локација, ќе ги наруши интересите за бизнис во тој дел од градот, истакна бизнисменот Горан Џалевски од Берово, кој на местото каде ќе се врши претовар на отпадот, планира да отвори фирма за производство на пелени за деца.


-Ние сме фирма за увоз извоз, со околу 25 вработени. Имаме купено локација близу местото каде ќе се наоѓа претоварната станица. Ќе пакуваме пелени за деца во таа фирма, а на 250 метри ќе биде отпадот од нас. Затоа сметам дека посочената локација, никако не одговара да биде на првичното место каде е одредена, посочи Џалевски.


Ана Петровска, државниот секретар во Министерството за животна средина, истакна дека не е време за авантури и дека локација мора да има.


-Ако не е на едно, таа локација ќе биде на друго место, но времето кое ќе се изгуби притоа, ќе не чини пари, а суштинскиот проблем нема да се реши. Затоа мислам дека нема потреба да влеземе во авантура и да ја поместиме локацијата, бидејки секогаш ќе има некој, кој ќе произведува храна, кој ќе има земјоделско земјиште во близина. Затоа прашањето се рагледуваше на регионален принцип, со тоа што итно беше потребно наоѓање решение, рече Петровска.

Градоначалникот Пекевски, го заврши состанокот при тоа оставајќи простор, жителите во периодот што следи, да достават предлог друга локација, каде би можела да биде претоварната станица, која би ја разгледале стручни служби и после што ќе се донесе конечната одлука за локација на претоварната станица за комунален отпад за двете општини.

По изградбата на Меѓурегионална депонија, Управата за животна средина ќе пристапи затворање на т.н. диви, односно нестандардизирани депонии, кои не ги исполнуваат техничките услови за да аплицираат и да добијат дозвола за стандардизирана депонија.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии