Насловна Актуелно Вести Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание

Почитувани граѓани,

Нека ни е честит 11 Октомври, денот на востанието, симбол на македонската борба за слобода и да им оддадеме заслужена почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание, кои се вградиле во темелите на македонската државност.

Денешниот голем државен празник, 11 Октомври, е темелник на вековните определби на граѓаните во Македонија за слобода и мир, за свој идентитет, за своја држава, достоен пример дека со заедништво целите се остварливи.

Овој датум е длабоко втемелен во нашата колективна свест, како празник на нашата држава и нација и ден кога уште еднаш потврдуваме, дека сме цврсто насочени кон создавање на слободна и независна држава.

Во таа херојска и безрезервна борба, загинаа многу херои, но засекогаш остана за нив да зборуваат нивните дела и остварената цел, генерациите кои доаѓаат да живеат слободно.

Пред 78 години, на денешен датум, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна држава, во Прилеп и Куманово ја почнаа Народно ослободителната борба.

Оваа визија денес е континуитет на надежта и верба на паднатите борци, дека идните поколенија ќе го продолжат патот кон безгрижна иднина за државата и за сите нејзини граѓани.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври- Денот на народното востание!

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии