Насловна Актуелно Вести Советот на Општина Берово денеска ќе ја одржи 14 -тата Седница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Советот на Општина Берово денеска ќе ја одржи 14 -тата Седница

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002),член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02,18/07, 30/08 и 20/10) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.18/07),Претседателот на Советот на Општина Берово донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

Ја свикувам 14-тата (четиринаесетата) седница на Советот на Општина Берово на ден 06.11.2018 година (вторник), со почеток во 10:00 часот со следниот:

Д н е в е н р е д:

1. Усвојување на Записник од 13-та Седница на Совет на Општина Берово;

2. Одлука за укинување на Развојна Програма “Изградба на улица 20 месност Ширината” Берово и Развојна Програма “за Изградба на фекална канализација со колектор во с.Мачево,”

3. Предлог Развојна Програма за Изградба на фекална канализација со колектор во с.Мачево, Бр.22-3479/1 од 19.10.2018 година;

4. Предлог Развојна Програма за заштита на жителите од една планина долж две реки, Бр.19-3480/1 од 19.10.2018 година;

5. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за формирање Општински совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата;

6. Предлог О Д Л У К А за формирање на Локален совет за превенција;

7. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за формирање на Совет за заштита на потрошувачите на Општина Берово;

8. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за формирање на Совет за јавно здравје и определување на членови на подрачјето на Општина Берово;

9. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за формирање Локален Совет за млади на Општина Берово;

10. Предлог О Д Л У К А за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;

11. Правилник за спроведување постапка за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;

12. Предлог одлука за давање под закуп на објелт- кино сала Берово :

13. Р Е Ш Е Н И Е за именување на членови на Управниот одбор на ЈЗУ „Здравен дом“ – Берово;

14. Измени и дополнувања на Буџетот на општина Берово за 2018 година;

15. Предлог Одлука за субвенционирање на ЈПКР “Услуга” Берово;

16. Предлог О Д Л У К А за утврдување на приоритет за учество на јавен повик бр.07/2018 за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниoт развој за 2018 година за мерка 124;

17. Предлог О Д Л У К А за давање согласност за намената на инвестицијата од Програмата за финансиска поддршка на руралниoт развој за 2018 година за мерка 124;

18. Квартален извештај за извршувањето на буџетот за Општина Берово за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година;

19. Квартален извештај за достасани ненамирени обврски Образец К2 за квартал од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година;

20. Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините Образец К3 за квартал од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година;

21. Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од III одделение при ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски “- Берово

22. Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од VI одделение при ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски “- Берово;

23. Програма за изведување на еднодневна екскурзија за учениците од IX одделение при ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски “- Берово

24. Барања од институции и граѓани;

 

25. Советнички иницијативи и прашања.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии