Насловна Актуелно Вести Се асфалтира колско пешачката патека како спој на ул. ,,Балканска “ и ул,,Братство и Единство,,

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Се асфалтира колско пешачката патека како спој на ул. ,,Балканска “ и ул,,Братство и Единство,,

 

Со одлука од Владата на Република Македонија ,преку имплементација на Декадата и националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија , Општина Берово доби средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за изградба на колско пешачка улица како спој на ул. ,,Балканска “ и ул,,Братство и Единство,, каде што населението е претежно од Ромска националност.

 

Се асфалтира колско пешачката патека во должина од 82 метри , широчина 3 метри со асфалт во два слоја со вкупна дебелина од 12 cm со поставување на ивичнаци од двете страни.

Оваа улица е доста значајна и доста користена како премин за стигнување до центарот на градот, па населението кое живее таму ќе добие полесен пристап.

Согласно локалниот акционен план за вклучување на Ромите во областа домување, предложени се неколку проекти од кои со Одлука на Владата бр. 44-5935 од 12.06.2018 година , е одлучено да се доделат финансиски средства со цел подобрување на инфраструктурните услови во Општината а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните РОМИ ,кои живеат на именуванaтa улици како и на сите жители во Општината.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2018 година- Подршка на имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите

Распределени се 958.480,39 за изградба на пристапна колско пешачка улица како спој на ул. ,,Балканска “ и ул,,Братство и Единство,,

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии