Насловна Актуелно Вести Со раздолжувањето потпомогнато од Владата, стопанството ќе ја врати довербата кон Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Со раздолжувањето потпомогнато од Владата, стопанството ќе ја врати довербата кон Општина Берово

 

Долговите кои ги наследивме од претходното владеење значително ја отежнуваат работата на локалната самоуправа и не овозможуваат развој на Општина Берово.

 

Се трошело неплански, ненаменски и расипнички на целосна штета на граѓаните, општината и на проектите кои чекаат реализирање а беа запрени заради големите долгови.

Благодарение на Одлуката на Владата за финансиска подржка на општините и единките кориснички за раздолжување на 51 % од пријавените неплатени обврски заклучно со 30 септември 2018 година, во Општина Берово ќе се реши голем проблем и пред се ќе се врати довербата кај стопанството.

Со финансиската подржка од Владата, општината ќе се доведе во една стабилна финансиска состојба, ќе подмириме голем дел од обврските, и дирекно ќе се помогне во економскиот развој на градот.

Во изминатиот период успеавме наследениот долг од 22 милиони денари да го намалиме на 16 милиони денари.

Со мерката на Владата на Република Македонија за раздолжување на општините се решава наследениот проблем со долгот на Општина Берово и се ослободуваат повеќе средства за развојни проекти во интерес на граѓаните.

Стопанството ќе ја врати довербата кон Општина Берово а општината ќе се развива низ финансиска стабилност и тековна ликвидност.

Преку неповратните и строго наменски средства за раздолжување на општините, граѓаните ќе добиваат сервис на услуги, фирмите доверители ќе си ги добијат парите, а преку новиот механизам за планирање на приходите само 10 % зголемени од просекот од последните три години ќе се спречи трупањето на долгови и силно ќе се зајакне фискалниот капацитет на општината.

Со новата финансиска дисциплина, граѓанните секогаш ќе знаат каде се трошат нивните пари.

Ќе имаме и финансиска стабилност, и развој на градот и надмирени достасани обврски а резултат на сето тоа се задоволни граѓани

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии