Насловна Актуелно Вести Беровскиот титан Васко Мамучевски на прием кај Градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Беровскиот титан Васко Мамучевски на прием кај Градоначалникот Пекевски

Градоначалникот Пекевски денеска оствари средба со беровскиот титан Васко Мамучевски кој го освои високото 3 то место до 85 килограми на неодамнешниот Дајмон куп кој годинава за прв пат се одржа во Македонија.

Со решение од страна на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, доделени и исплатени му се 10.000,00 денари,од Буџетот на Општина Берово за 2018 година, како подржка на поединци кои посебно се истакнале во областа на спортот.

Купот во боди билдинг на кој се натпреваруваа над 150 натпреварувачи од цел свет се одржува на врвно ниво и на него годинава учествуваа познати светски имиња од светот на овој спорт.

Градоначалникот Пекевски упати искрени честитки за големиот успех и истакна дека во иднина ваквиот ангажман ќе биде подржуван од Буџетот на Општина Берово, од програмата за спорт и во рамките на можностите општината финансиски ќе покрива дел од трошоците на Мамучевски.

Титанот Мамучевски упати голема благодарност за приемот и подршката од Градоначалникот.

На републичкиот натпревар кој се одржал на 6 ти октомври тој се пласирал на високото 1 место во категорија до 90 килограми .

На 14 октомври на меѓународниот Дајмон куп , кој годинава за прв пат се одржал во Македонија во салата Јане Сандански го освоил високото 3 то место до 85 килограми, кое според него би требало да биде најмалку 2-ро.

Во своето излагање тој истакна дека се работи за индивидуален спорт со 2 аспекти. Првиот аспект се однесува на аматеризам и онаа добро познатата ,, Во здраво тело здрав дух “ , додека во вториот аспект се работи за професионалистички пристап кој бара голем ангажман, дисциплина и посветеност .

Тоа е еден од најтешките спортови, кој бара голема дисциплина и пожртвуваност, еден војнички режим, се да биде планирано .

Исто така се работи за финансиски скап спорт. Суплемените што се конзумираат се доста скапи а во поглед на условите за усовршување во Берово тренира во сопствената теретана, додека подготовките за натпревари ги завршува во Атлета во Скопје.

Градоначалникот Пекевски истакна дека општината се гордее на вакви големи успеси но, досега вложила многу малку во напредувањето на еден вака истакнат спортист. Во периодот што следи во следната буџетска проекција ќе бидат вградени финансиски средства што ќе обезбедат финансиска помош за овој спорт со оглед на тоа што се работи за успеси на меѓународно ниво.

Во иднина Мамучевски планира да се пријави и натпреварува на светски познатиот Арнолд Класик куп 2019 кој го организира познатиот актер Арнолд Шаварценегер во Шпанија, во кое нешто ќе добие силна подршка од Општина Берово.

Инаку Васко Мамучевски е шампион во боди билдинг во Република Македонија во 2005,2008 и 2009 година.

Во приватниот живот тој има работен ангажман во Министерството за внатрешни работи но, без разлика каква фунција извшува човек , доколку сака нешто, може да најде време за она што има желба да го постигне- како што и самиот истакна во своето излагање и кое нешто треба да биде водечки мотив во остварувањето на посакуваните цели на секој поединец.


 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии