Насловна Актуелно Вести Берово го одбележува 11 Октомври- Денот на востанието на РМ и Ден на борецот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Берово го одбележува 11 Октомври- Денот на востанието на РМ и Ден на борецот

Со свечена програма што се одржа во салата на бизнис инкубатор- Берово, започнаа манифестациите за одбележување на 11-ти октомври – Денот на народното востание и ден на борецот.

 

Пред бројната публика најпрво беше прочитан краток реферат за значењето на празникот .

Програмата ја продолжија средоншколците од ОСУ ,,Ацо Русковски со преубавиот подготвен рецитал, после кои на сцената со свои кореографии настапи КУД ,,Димитар Беровски”.

Вечерната програма ја заврши Старогратскиот оркестар, кој работи во склоп на Домот на културата во Берово, со прекрасна изведба на неколку стари македонски песни.

Денешниот ден,  пред спомен плочата на паднатите борци од НОВ, пред детската градинка ,,23 август”  во Берово, после краткиот осврт за значењето на празникот Делегации предводени од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, Советот на Општина Берово Јован Матеничарски, Делегација предводена од Пратеничката во Собранието на Република Македонија Јагода Шахпаска, Делегации од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,  Сојуз на борци , Сојуз на резервни офицери  положија цвеќе.

 

Нека ни е за многу години Денот на востанието на Репуплика Македонија и денот на борецот и секогаш потсетувајќи се на несебичноста на нашите херои,  да ги вреднуваме овие историски значајни датуми.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии