Насловна Актуелно Вести Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание на Република Македонија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание на Република Македонија

Почитувани граѓани,

 

Нека ни е честит  големиот државен празник 11 Октомври- Денот на востанието во Република Македонија.

Овој  голем  празник е потсетник за херојството и смелоста на Македонскиот народ, во битката за својот идентитет, за своја држава  и за слобода.

На денешен ден  пред 77 години, во Прилеп и Куманово започна борбата за слободна Македонија, во која паднаа многу жртви.

Ова е празник кога се сеќаваме на несебичноста на нашите херои, за светиот идеал за слободна и суверена Македонија.

Денес, сеуште е присутно сеќавањето на оние кои застанаа и ги положија своите животи на олтарот за татковината.

Победата беше извојувана со невидено херојство, смелост и непоколебливост.

Почитта кон борците и жртвите од НОБ е почит и вреднување на нас самите и на секој дел од нашата историја.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври- Денот на востанието на Република Македонија!

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии