Насловна Актуелно Вести Во рамките на Недела на детето, Градоначалникот Пекевски ги посети дечињата од детската градинка ,, 23 Август”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Во рамките на Недела на детето, Градоначалникот Пекевски ги посети дечињата од детската градинка ,, 23 Август”

 

Во рамките на одбележување на Недела на детето, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска ги посети дечињата од детската градинка ,, 23 Август” во Берово.

 

Од страна на дечињата беа испеани неколку песнички а од страна на воспитувачките беше извршена кратко претставување и објаснување за посетата на Градоначалникот.

Инаку во рамките на недела на детето дечињата од детската градинка во Берово имаа низа од активности, при што тие цртаа со креда, имаа куклена претстава, одбележување на дланка, одредени предавања за правата на децата, посета на домот за стари лица д-р. Иван Влашки, посета на децата во Домот за деца со посебни потреби и слично.

Исто така, група деца се натпреваруваа на детски спортски игри во Куманово, а дел пак учествуваа на натпреварот во детски игри во Делчево.

 

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии