Насловна Актуелно Вести Претставници на петте ЛАГОВИ од Источна и Југоисточна Македонија во студиска посета на Република Хрватска

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Претставници на петте ЛАГОВИ од Источна и Југоисточна Македонија во студиска посета на Република Хрватска

Во периодот од 5 до 9 септември како дел од активностите на проектот  „ЛАГ-НЕТ во Источен и Југоисточен плански регион“, здружението ЦЕЛОР од Радовиш организираше студиската посета на ЛАГ КАРАШИЦА и ЛАГ ПРИЗАГ во Република Хрватска. Учество на студиската посета зедоа претставници од петте лагови од источниот и југоисточниот регион на Македонија. Дел од пет дневната посета на Хрватска беа претставници на ЛАГ Малеш -Пијанец, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Беласица Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Брегалница.

Целта на оваа студиска посета на ЛАГ-овите во Република Хрватска беше запознавање со нивната работа и размена на искуства при спроведување на програмите од ЛИДЕР во една европска земја. Учесниците посетата ја започнаа со состанок во просториите на ЛАГ Карашица со членовите и претседателството на ЛАГ-от лоциран во општина Петријевци каде имаа можност да се запознаат со работата на овој Лаг, проектите кои ги спроведува и предизвиците со кои се соочиле од почетокот на нивното регистрирање во 2009 година до денес. Состанокот беше заокружен со посета на дворец и музеј во соседно Валпово и кратка тура низ Општина Белиште.  ЛАГ ПРИЗАГ беше втората посета на локална акциона група во Хрватска на која поздравен говор и презентација имаше претставник на Лагот и градоначалникот на Нови Мороф. Потоа беше организирана посета на ОПГ Јакоповиќ – “Куќа на магичната трева“ каде имаше презентација на органска козметика. Во текот на денот посетени беа, винарија „Вински врв“, Болфан каде се одржа и кратка презентација на „Болфан“ и развојот на руралниот туризам и детска градинка финансирана од Европскиот Фонд за Земјоделие.

Студиската посета заврши со патување до Камник, Република Словенија, каде се одржува фестивал на ЛАГ-ови, на кој учество зедоа повеќе од 70 ЛАГ-ови од 9 земји членки на ЕУ. Претставниците од Македонија имаа можност да се лично да се запознаат со нив да разговараат за нивната работа и да разменат искуства и контакти за понатамошна соработка.

Локалните акциски групи (ЛАГ) претставуваат облик на јавно приватно партнерство во кое се вклучени НВО секторот, бизнис заедницата и локалните самоуправи. На овој начин населението во руралните средини ќе има можност директно да ги посочи своите барања и потреби во однос на развивање на руралните средини, од аспект на подобрување на руралната инфраструктура, развивање на руралниот туризам и подобрување на животната средина.

 

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии