Насловна Актуелно Вести Честитки по повод празникот 8-ми септември –Денот на независноста на Република Македонија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Честитки по повод празникот 8-ми септември –Денот на независноста на Република Македонија

 

Почитувани граѓани,

Од  името на Локалната самоуправа и од мое лично име, сакам да Ви упатам најискрени честитки по повод  8ми Септември- денот на независностна на Република Македонија .

Овој празник го симболизира вековниот стремеж на Македонските дејци и херои, кои ги дадоа животите за денешната слобода и независност,   но во исто време претставува  и предизвик кој не поттикнува во понатамошно градење на нашата држава, носејќи се со новото време и сите предизвици кои тоа ги носи.

На овој ден да се потсетиме  на бројните предизвици кои сме ги надминале, на остварувањето и кунтинуитетот на трудот на нашите предци, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации благодарение на кои денес живееме во слободна, суверена  и самостојна држава.

8 Септември е празник кога ја славиме нашата независност,  празник кога оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го покажаа патот на независност и самостојност, но и празник кој не поттикнува да размислуваме за иднината на нашата држава, во насока на обединето дејствување секогаш водено во добра мисла и намера .

Нека ни е честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии