Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте” започнаа Владимирски Илинденски средби
Насловна Актуелно Вести Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте” започнаа Владимирски Илинденски средби

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте” започнаа Владимирски Илинденски средби

Низ песни и ора со зури и тапани вчера во Владимирово започна големата манифестација Владимерски Илинденски средби, која секоја година се одржува за време на големиот христијански празник Илинден.

Под организација на Здружение на граѓани а во соработка со Општина Берово и Министерството за култура на РМ,Владимирово наредните пет дена ќе биде центар на случувањата, чествувајќи го култот на св. Илија низ богата културна програма испреплетена низ традиција и обичаи.

Свеченото отварање започна со интерпретирање на Македонската химната и химната на селото по што свој говор имаше претседателот на Здружението Владимерски Илинденски средби.

Поздравен говор на Отварањето на средбите одржа и Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, кој меѓу другото порача секогаш да го славиме и чествуваме овој голем христијански и национален празник, да го негуваме она што ни го предадоа нашите предци и да ги чествуваме хероите од Малешевијата и од двата Илиндена и никогаш да не забораваме дека нивниот сон го живееме ние денес.

Вечерта настапи и Културно уметничкото друштво кое работи во склоп на Домот на Културата ,,Димитар Беровскиа специјална гостинка на вечерта беше Групата Модус со естрадната уметничка Благица Калева.

Во деновите што претстојат секако ќе има уште многу настапи и дружења а неизоставен дел во програмата на средбите се секако архиерејската литургија во црквата св. Илија, каде што се собираат многу луѓе традиционално делејќи Илинденски ручек и пренесувајќи ги обичаите на помладите генерации.

На местот викано ,, Шилевите оградижителите се собираат спонтано да го прослават големиот христијански празник ,, Илинден , и помладите генерации имаат можност да се запознаат со традицијата обичаите кои ги споделуваат повозрасните и низ една пријатна празнична атмосфера и Илинденски ручек народно познат под името курбан го зачувуваат културното наследство кое се пренесува од колено на колено.

Инаку, манифестацијата во селото се одржува почнувајќи од 2005 година кога за прв пат жителите решиле да направат организирана форма под името Владимерски Илиндески средби, додека годините наназад тоа било само обичен народен собир.

За време на одржувањето на Владимирските Илинденски средби цело време низ селото се слуша писокот на зурлите и се вие малешевското непрекинато оро а населението пренесува силна порака ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте “.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии