Насловна Актуелно Вести До каде стигнавме со нашата еколошка свест?!

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

До каде стигнавме со нашата еколошка свест?!

Справувањето со отпадот во последните години претставува огромен проблем со кој се соочува целата планета, како една од активностите за зачувување на природата и местата на живеење.

Сепак уште поголем проблем е совесноста на населението кое наголемо допринесува кон постојано уништување на животната средина и нарушување на имиџот на една општина или држава.

Што можеме да кажеме за тоа дали се работи за сообраќајна некултура или само несовесност на локален жител од Општина Берово кој на регионалниот пат Берово – Струмица на паркинг простор непосредно пред локалниот пат за Русиново има исфрлено стар телевизор како и пластичен отпад и стара хартија?!

Дали се работи само за желба да се допринесе кон еколошки хаос, да се уништи имиџот на општината како туристичка дестинација или неукост воопшто и не е важно, меѓутоа последиците од вакво расфрлање на електронски отпад ги трпат сите, вклучително и децата.

Токму за овие цели на градскиот пазар во Берово има поставено контејнер за електронски отпад, меѓутоа изгледа дека постојаните повици за ослободување од ваков тип на отпад и за штетноста од нивно расфрлање низ околината сепак не ја искоренуваат некултурата на несовесните.


 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии