Насловна Актуелно Вести Возбудлива ЕНДУРО трка викендот ќе се одржи во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Возбудлива ЕНДУРО трка викендот ќе се одржи во Берово

Престојниот викенд Берово ќе биде домаќин на еден голем настан, возбудлива ЕНДУРО трка , во организација на Општина Берово и Мотоциклистичката федерација на Македонија, мото клуб Мото-Велес .

Се работи за прва трка од државниот шампионат во Ендуро за 2018 година и трка која за прв пат ќе се одржи во Берово. Моторциклистите го одбраа Берово како атрактивна дестинација за таква намена од причина што изобилува со прекрасни терени за адреналинско ендуро, кои се гарант за возбудливи трки.

Според најавите, трките ќе се возат во два натпреварувачки денови(09:00-16:00 часот во сабота 14.07.2018год. и од 10:00-16:00 часот во недела 15.07.2018 год.) и ќе се бодувааат за државниот шампионат во Ендуро.

На настанот ќе учествуваат околу 70 учесници од Цела Македонија и од Грција.

Предвидени се три класи кои ќе се бодуваат E1, E2 и E3 (T1 кинески до 450cc) и ОПЕН ХОБИ класа која нема да се бодува за шампионатоти на која ќе можат да земат учество и моторциклисти кои немаат натпреварувачка лиценца . Отворената класа ќе им овозможи на младите ентузијастите да го искусат натпреварувачкиот предизвик во Ендуро.

Според информации од Претседателот на мото клуб Мото-Велес- Ванов Сашко, интенција на Моторциклистичка федерација на Македонија е догодина да се донесе Балкански Ендуро Шампионат, токму во Берово а веќе следната година истото да добие Светски ранг, кое нешто е вистински предизвик за нас како Општина со оглед на тоа што мотошампионите го одбраа токму Берово за реализација на своите амбиции. Тој изрази голема благодарност за соработката и гостопримството што му го понудија Градоначалникот и службите во Општина Берово и надеж дека заеднички соработката ќе ја продолжиме на повисоко ниво.

За престојните случувања во Берово е информиран и првиот човек на светското Ендуро , Алан Блансат од Република Франција , кој е во исчекување да дојде и да ја види посебноста на терените во Берово и во една прилика во разговор со првиот човек на Ендуро од Македонија истакнал дека сонува да дојде и да ја види посебноста на природата во Берово.

Ова е уште една потврда дека Берово изобилува со атрактивни понуди за развој на туризм и доказ дека заедничкиот труд и вложување можат да ни донесат големи резултати.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии