Насловна Актуелно Вести Во Берово претставена кампањата „На секое дете му треба семејство“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Во Берово претставена кампањата „На секое дете му треба семејство“

Денес во Берово беше претставена кампањата за промоција на згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“, што ја водат Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНИЦЕФ во соработка со СОС Детско село, а која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, присуствуваше на настанот заедно со градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчевски и истакна дека општина Берово дава целосна поддршка на кампањата.

-Ние како општина ќе се заложиме за креирање на локална мрежа на згрижувачи и згрижувачки семејства преку Стратегијата за социјално вклучување, социјална заштита и намалување на сиромаштијата во општина Берово. Како единица на локална самоуправа ќе работиме на подготвување на локални мерки и политики за олеснување на процесот на реформи кои што се крајно хумани и потребни на нашата општина и на нашата земја, истакна градоначалникот Пекевски.

Главната цел на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020. Во моментот над двеста деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во земјава.

Иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација и вложување во рана детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

а детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии