Насловна Актуелно Вести Велигденска честитка од градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Велигденска честитка од градоначалникот Пекевски

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да Ве поздравам и да Ви посакам добра мисла, мир и спокој за сите верници.

Празнувањето на Велигден е традиција, тоа е дел од нашето духовно и национално богатство.

На најсветлиот и најголемиот Христијански празник да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом. На денот која ја славиме победата на животот над смртта, да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите ќе успееме да се избориме со предизвиците кои ги носи животот.

Велигден ни дава радост и нова надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме. Само сложни и обединети во овие празнички денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех за сите нас.

Нека е за многу години големиот христијански празник.

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии