Насловна Актуелно Вести Одржан инфо ден во врска со јавниот повик на Општина Берово за финансирање на НВО

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Одржан инфо ден во врска со јавниот повик на Општина Берово за финансирање на НВО

По објавувањето на јавниот повик за финансирање на здруженија на граѓани и фондации, во просториите на општина Берово се одржа инфо ден за запознавање на здруженијата, фондациите и невладиниот сектор од Берово за поблиско запознавање со самиот повик.

Самиот повик има за цел да донира дел од средствата во Буџетот на општина Берово за 2018 година кои се предвидени во рамките на програмата за Локален економски развој за НВО и здруженија и тоа пред се во неколку области:

-Локален економски развој,

-Туризам,

-Заштита на животната средина,

-Социјална кохезија,

-Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија,

-Образование и култура,

-Млади, семејство и семејни вредности

-Евроинтеграции

-Области на нови медиуми, социјални медиуми и нови технологии,

односно поголем дел од она коешто општината го предвидува како свои активности, но средствата од Буџетот да бидат донирани на невладини организации, а тие да реализираат дел од плановите на општината, односно да реализираат активности од средствата на граѓаните.

Критериумите коишто треба да ги исполнат невладините организации, здруженија и фондации се пред се оние основните како што се да се реализираат активности на територијата на општина Берово, да бидат здруженија кои се регистрирани во согласност со законот во РМ, да работат на територијата на Општина Берово, да имаат работно искуство од најмалку една година по регистрирањето, проектите да се од суштинско значење за локално ниво и кое граѓаните треба да ги засега и да се спроведуваат активности кои ќе решат некои од локалните проблеми.

Во овој дел на инфо средбата конкретно беа претставени и начините и критериумите за отценување коишто се во согласност со усвоените правилници.

Она коешто треба да биде подготвено како документација од страна на здруженијата е Пријава за финансиска поддршка, предлог проект, односно самата апликација, копија од Статут и Решение за регистрација на здружението, извештај за реализирани средства доколку имале добиено од општина Берово во претходните години, и да имаат годишен извештај и завршна сметка од претходната година.

Огласот трае до 16 април, до кога сите ќе можат да ги достават своите апликации по што комисијата ќе ги донесе своите одлуки во зависност од предложените проекти и број на апликации.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии