Русиново и Владимирово опфатени во агендата за посета на населените места од градоначалникот Пекевски
Насловна Актуелно Вести Русиново и Владимирово опфатени во агендата за посета на населените места од градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Русиново и Владимирово опфатени во агендата за посета на населените места од градоначалникот Пекевски

Агендата за посета на населените места во општина од страна на градоначалникот Звонко Пекевски продолжи со средбите со жителите на Русиново и Владимирово кои се одржаа на 28.11.2017 година.

На средбите покрај градоначалникот присутни беа и претседателот на Советот Јован Матеничарски, како и раководителите на Одделението за урбанизам Мишо Догазански и Одделението за комунални дејности Ванчо Димовски.

И двете средби започнаа со изнесувањето на градоначалникот за висината на планираните средства во Буџетот на општината за 2018 година и разложување на самиот Буџет по ставки и приходи кои реално би можеле да се применат.

Од страна на двајцата раководители беа изнесени моменталните тековни активности и проекти кои се во завршна фаза во овие населени места и кои се од огромно значење за развој и подобрување на условите за живеење на месното население.

 

Жителите и на двете населени места ги искажаа и своите проблеми и приоритети кои треба да бидат вметнати како проекти за реализација во 2018 година и истакнаа дека ваквите средби треба да бидат почести бидејќи сепак самото месно население е она кое ги познава локалните проблеми највеќе, на што градоначалникот се произнесе дека во планот за своите активности ќе го внесе ова како редовна пракса.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии