Насловна Актуелно Вести Summer Culture Beat ќе биде новата летна игранка во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Summer Culture Beat ќе биде новата летна игранка во Берово

Петок на 30-ти Јуни сите на градскиот плоштад во Берово. Не очекува голема забава на отворено во која што се вклучени сите локали кои гравитираат на плоштадот.

Под наслово Summer Culture Beat, Општина Берово во рамки на програмата „Берово град на културата“ ќе организира неколку амблематични забави во која што ќе ги вклучи најдобрите македонски бендови.

Сцената на „летниот културен ритам“ ќе биде поставена на улицата кај споменикот на Димитар Беровски, а сите локали кои гравитираат на плоштадот да се спојат на едно место со што ќе го обединиме забавувачкиот дух на градот и регионот.

За првата журка се поканети бендовите Shine и Iguana, а атмосферата ќе ја загреат младите од бендот Тесна Соба. Журките  Summer Culture Beat ќе почнуваат од 21 часот а ќе треа до 02 часот. Очекуваме на секој две недели одржување на ваков тип на забави.

Летната програма освен предвидените традиционални активности ќе биде збогатена со хип хоп фестивал кој ќе се одржи на отворено на една нова интересна локација, а до крајот на летото не очекува и летното издание на Mayday festival.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии