Насловна Актуелно Вести Интензивно се работи на реализација на проектот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Интензивно се работи на реализација на проектот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Берово

Градоначалникот на Општина Берово продолжува со подобрување на инфраструктурата во градот, решавање на комуналните проблеми на граѓаните a воедно и подобрување на квалитетот на живот.

Проектот ,,Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово,, финансиран од  ИПА Програмата на  Европската Унија  е проект од големо значење за општината а преку него покрај решавањето на проблемот со фекалната канализација ќе добиеме  и заживување на реката Брегалница.

Според динамичкиот план околу 50 % од планираните активности за изградба на канализација во Општина Берово се завршени.

Во моментот се работи на неколку локации во градот Берово: улиците ,,Моша Пијаде,, ,,Марксова,, и  ,,Даме Груев,,  а отпочната  е и  изградба  на  двата крака на колекторот за отпадни води на кејот на реката Брегалница, кој води до пречистителната станица  на реката Брегалница.

Во иднина ќе бидат опфатени сите позначајни улици во градот со што граѓаните ќе го почувствуваат бенефитот и ќе се реши големиот проблем кој се појавуваше при секој пороен дожд: полнење на семејните куќи со вода, изливање на вода по улиците , влага во подрумските простории.

Исто така ќе се оддели канализацијата од атмосферската вода и  ќе се намали  дотокот на атмосверска вода на пречистителната станица , со што ќе се заштеди  електрична енергија и ќе се намалат трошоците за работа на пречистителната станица.

Овој проект ќе биде од големо значење за Општна Берово ,со што ќе го подобри квалитетот на живот во граѓаните во градот Берово и во населените места.

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии