Насловна Актуелно Вести Етно групата Монистра на традиционална прослава на најголемиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Етно групата Монистра на традиционална прослава на најголемиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН во Берово

Општина Берово го продолжува традиционалното празнување на еден од најголемите  христијански празници ВЕЛИГДЕН.

Голема прослава ќе се одржи на плоштадот   “Димитар Беровски“ во Берово на 16-ти април  (недела – прв ден Велигден) со почеток на програмата во 11 часот.

 

Програмата традиционално ќе биде поделена во два дела. Во првиот дел свој настап ќе имаат сите групи од КУД “Димитар Беровски“од Берово, кои ќе настапат со свои кореографии.

Оваа година, во рамките на програмата “Берово град на културата“ свој настап ќе има една од најуспешните домашни Етно групи “Монистра“,  која што неодамна го одбележа својот јубилеј 15 години постоење на сцената и го промовира својот втор албум, а кои се амбасадори на Македонската музика, негувачи на старите изворни песни и ора.

Исто така и оваа година традиционално, училиштата од Општина Берово и дечињата од детската градинка во Берово ќе подготват свои поставки на украсени Велигденски јајца.

 

Во вториот дел сите граѓани ќе можат да се пријават до 12:00 часот, во Изборот на најцврсто Велигденско јајце – качор и Изборот на најубаво Велигденско јајце.


 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии