Насловна Актуелно Вести За Велигден и 1-ви Мај Берово најавува голем андерграунд фестивал

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

За Велигден и 1-ви Мај Берово најавува голем андерграунд фестивал

„Mayday Festival“ се враќа во полн сјај. Автентичниот поглед на андерграунд културата во 2017-та ќе го примаме во двојна доза, со многу повеќе задоволство. По силниот старт од минатата година во Берово, „Mayday Festival“ во 2017-та првиот „мајски ден“ ќе го доживееме на 16-ти Април, викендот за Велигден, со нови артисти од највисок ранг за ценителите и фановите на techno и house идеологијата под насловот „Mayday Easter“.

 

Втората епизода на задоволство „Mayday Spring Sensation“ ќе започне на 30-ти Април малку пред полноќ, за да го дочекаме месец Мај со вистинска пролетна сензација и воодушевување.

За локација на настанот и овој пат погледот го вртиме кај спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово која што располага со капацитет и можности да ги собере сите фанови на фестивалот. Оваа година, лајнапот ќе биде доста поголем и поагресивен. За фестивалот веќе се букирани најдобрите техно и хаус артисти од регионат (Stefan Popov –Yalta Bulgaria, Nikifor, Flooder и Micajkov, Artivulaee, а како звезда на фестивалот организаторите го најавуваат гостувањето на еден од најдобрите tech house млади артисти во Европа (Franz Costa-Solid Grooves- Italy)

И ова издание ќе биде запаметено по сценичениот перформанс на клубските танчери, кој му додаваат дополнителна доза футуристичко задоволство на фестивалот.

Технички фестивалот ќе биде продуциран на највисоко ниво, најдобриот звучен систем на JBL, светло и лед визуелна илустрација.

Влезот на второто издание на фестивалот повторно ќе биде слободен за сите жители и гости на градот. Но овојпат, заради огромниот интерес и големата посетеност која што Берово ја има за двата продолжени викенди за Велигден и 1-ви Мај влезот ќе биде достапен со предходна направена резервација и листа на гости.

 

Фестивалот е дел од програмата Берово град на културата во 2017 година.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии