Општина Берово изврши порибување на Брегалница и Беровско езеро со 45 килограми македонска речна пастрмка
Насловна Актуелно Вести Општина Берово изврши порибување на Брегалница и Беровско езеро со 45 килограми македонска речна пастрмка

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Општина Берово изврши порибување на Брегалница и Беровско езеро со 45 килограми македонска речна пастрмка

Со порибувањето од 45 килограми (околу 7000 парчиња)  македонска речна пастрмка,  продолжуваат активностите на Градоначалникот  за развојот на туризмот во Општина Берово .

 

Општина Берово во соработка со Риболовното друштво Абланица од Берово изврши порибување со македонска речна пастрмка.

Порибено е 1200 парчиња, со големина од 5-10 грама, Македонска речна пастрмка на реката Брегалница, кај манастирот св. Богородица во Берово и околу 5800 парчиња на Беровско езеро, места каде што како концесионер се јавува риболовното друштво Абланица од Берово.

Со порибувањето од вкупно околу 45 килограми македонска речна пастрмка Градоначалникот на Општина Берово дава силна подршка во реализацијата на годишните планови на ЗСР Абланица од Берово а со тоа и голем придонес во развојот на туризмот во Берово, кој последните години  бележи сериозни чекори напред.

Голема благодарност до Градоначалникот и Локалната самоуправа за подршката во проибувањето и големо задоволство од успешната акција, истакна претседателот на Риболовното друштво Абланица од Берово, Гоце Јовановски,  кој меѓу другото истакна дека во наредните две години ќе следува забрана за ловење на овој вид риба и се надева дека риболовците ќе бидат совесни и ќе ја почитуваат забраната.

dsc_0013
dsc_0013
dsc_0029
dsc_0042
dsc_0049
dsc_0057

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии