Насловна Актуелно Вести Голема Велигденска прослава во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Голема Велигденска прослава во Берово

Централната прослава на еден од најголемите христијански празници Велигден, и оваа година го наполни плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово.

 

Како и секоја година на манифестацијата организирана од Општина Берово најголемо внимание привлече традиционалниот избор на најцврсто Велигденско јајце во кој од пријавените околу 100 јајца на крајот победник беше Ангел Биковски кој во финалниот меч го победи Глигор Цикарски.

Како дел од проетктот Град на културата за 2017 година, во културно-уметничкиот дел од програмата настапи етно составот “Монистра“ кои во својот едночасовен настап изведоа дел од својот репертоар промовирајќи го својот втор албум кој го издадоа пред неколку недели, додека неизоставен дел од програмата беа и членовите на КУД “Димитар Беровски“ кој во моментот брои повеќе од 200 членови, како и младиот рок состав од Берово “Тесна соба“ кои ја затворија Велигденската прослава.

При прославата на Велигден, големо внимание привлекоа и изложбите на украсени велигденски јајца поставени од детската градинка и училиштата од Берово, додека во рамките на изборот за најубаво украсено велигденско јајце првонаграден беше Васко Касмски.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии