Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Проект “Креирање на Европска мрежа од био-региони за постигнување на територијална обнова“

Напишано од Administrator
ПДФПечатиЕ-маил
29
Јан
2016

Цел на проектот

Креирање на Европска мрежа на био-работни места постигнување на територијална обнова

Creating a European Network of Bio-Districts to achieve a True Territorial Renaissance – CENTRE

 

Проектот е финансиран од Програмата Европа за граѓаните: http://ec.europa.eu/citizenship/about-the-europe-for-citizens-programme/future-programme-2014-2020/index_en.htm

Краток опис на проектот

БИО-РЕГИОНИ: новиот модел за рурален развој се шири во Европа врз основа на одбраната на земјоделските површини, единственост на храна, подобрување на локалните ресурси и на нови граници на одржливост (алтернативни извори на енергија, вода, биодиверзитет, био-архитектурата, рециклирање на отпад , заштитата на почвата, квалитетот на живот и работа), целосно во согласност со Европските "20-20-20" цели. Овој стратешки избор за локалните заедници, сепак, често е без директно и активно вклучување на граѓаните.

Почнувајќи со искуство на Европско ниво - BioValley ((Rhone-Alpes - France), проектот ќе споредува различни модели на толкување и развој на био-региони, кои во моментов не се уредени на Европско ниво и немаат јасна дефиниција на кои карактеристики, барања и политики мора да бидат усвоени на територијата со цел да се квалификуваат себеси како такви.

Линк до проектот

Проектот се фокусира на следните цели:

-Вклучувањето на локалните граѓани во процесот на донесување одлуки, особено на места кои се сметаат за "био региони" како клучна опција за квалитетот на животот во нивните заедници,

-Потпишување на "устав" на Европската мрежа на "био-региони" од страна на сите градоначалници од градовите кои се вклучени во проектот,

-Тестирање на иновативни решенија за директно вклучување на активни граѓани и негување посилно чувство на припадност кон целите на проектот и на ЕУ (на пример, активно учество на јавни иницијативи во помасовни настани, итн.)

Партнери во проектот

1.Општина San Leo - Италија

2.Општина Берово - Македонија

3.Општина Naukseni - Латвија

4.Здружение Città del Bio - Италија

5.Ecologie au Quotidien – Франција

6.Општина Petrosino -Италија

7.Агенција за развој на Hranice – Републија Чешка

8.Регионален центар за развој Копер - Словенија

9.Регионалниот комитет за туризам на Troodos - Кипар


КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Со проектот се предвидува организирање на настани 6 од  по 3 дена во следните градови:

1. San Leo - ИТАЛИЈА септември 2015 (www.comune.san-leo.rn.it)

2. Die - ФРАНЦИЈА јануари 2016

3. Берово - МАКЕДОНИЈА април 2016 (berovo.gov.mk)

4. Platres - Кипар мај 2016 (Линк: www.platres.org / www.lovetroodos.org)

5. Hranice - ЧЕШКА октомври 2016 (Линк: www.regionhranicko.cz)

6. Petrosino - ИТАЛИЈА април 2017 (www.comune.petrosino.tp.it)


Датум реализација

Почеток: септември 2015

 

Завршување: март 2017

LAST_UPDATED2

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии