Здравство

ЈЗУ Здравствен дом Берово е јавна здравствена установа, која пружа квалитетни здравствени услуги на територијата на Општина Берово од превентивна, примарна и секундарна здравствена заштита.

Располага со високо стручен здравствен кадар, кој се стреми кон подобрување  на здравствените услуги, во смисла на квалитет и ефикасност.,

Оваа установа ги следи високите стандарди во пружање на здравствените услуги, благодарение на долгогодишното искуство и персоналот, вработен во истата.

Полни со енергија, стручност и гостопримливост, која се одразува од традицијата, ЈЗУ Здравствен дом Берово, ја обновува, засилува посветеноста за зачувување на здравјето на пациентите.

ДЕЈНОСТ

Итна медицинска помош и домашно лекување, примарна здравствена заштита во рурални средини, превентивна здравствана заштита за предучилишни и училишни деца, поливалентна патронажа, стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст, биохемиско- лабараториска дејност, обезбедување со лекови, радиодијагностика, интерна медицина, офралмологија.

Во рамките на  ЈЗУ Здравствен Дом Берово работат 6 ординации по општа медицина – матични лекари, еден матичен гинеколог,  4 стоматолошки ординации, една заботехничка лабораторија и една аптека.

Сите наведени ординации се коцесионери во ЈЗУ Здравствен Дом Берово.

Здравствениот дом, на подрачјето на општина Берово , организира и породување, со стручна медицинска помош.

Контакт информации

ул.,,Задрарска” бр. 38

2330 Берово

Република Северна Македонија

тел. 033/471-615

e-mail:[email protected]

Горе