Денеска се исплатени средства, на ученици од ,,Ацо Русковски” од Берово, како Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија.
Средствата се исплатени, како дел од Програмата за социјална заштита, за поддршка на родителите во семејниот Буџет.
Целта на оваа мерка е преку општинскиот Буџет, да се овозможи дел од средствата да се вратат повторно кај граѓаните и да ги искористат млади лица, кои ќе бидат идни возачи.
Во Буџетот на Општина Берово, за 2023 година, за оваа намена, предвидени се 600.000,00 денари , кои со решенија ќе бидат доделени на сите кои ги исполнуваат условите и кои согласно Правилникот, со обука за практичен и теоретски дел, започнале во 2023 година.