Започнаа средбите на Градоначалникот со граѓани, пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година

Градоначалникот Пекевски, деновиве на терен ги слуша предлозите на граѓаните пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирање на Буџетот, а во услови на пандемија од КОВИД 19, средбите се одржуваат на отворено и започнаа по населените места во општината.

Изминатиот период одржани се средби во с.Двориште, с. Ратево, с. Русиново, с. Митрашинци, д. Будинарци и с. Мачево, а продолжуваат утре во с. Владимирово и с. Смојмирово.

Предлозите на граѓаните се слушаат, се разговара за можноста за рализација на лице место и оние проекти кои немаат имотно правни или некои други пречки, по приоритет, ќе бидат внесени во Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

Гласот на граѓаните е најважен, а партиципативно учество на граѓаните, во донесувањето на одлуките на локално ниво  е од големо значење за креирањето на локалните политики и во создавање на Буџет со  проекти,  предложени и подржани од  жителите на општина Берово- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Горе