Во спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово, во организација и под покровителство на Општина Берово, денеска, започнаа Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој во своето обраќање истакна дека овие игри не претставуваат само спортски натпревари, туку симбол на единство, колегијалност и взаемна поддршка. Тој нагласи дека токму на спортските терени, се потврдува значењето на тимската работа, која е подеднакво важна и во институциите и во компаниите, како и во секојдневниот живот.
,,Дисциплината, истрајноста и посветеноста што ќе ги покажете денесka, се вредности што нe прават посилни како поединци, но и како заедница“, истакна градоначалникот, посакувајќи им успешни и фер натпревари на сите учесници.
Работничките спортски игри претставуваат можност за дружење, размена на искуства и градење нови партнерства меѓу учесниците, со заедничка цел – создавање здрава, активна и сплотена заедница. Спортот, како што беше нагласено, учи на фер-игра, почит кон противникот и искрена радост за секој постигнат успех.
Во првото коло се одиграа следните натпревари:
Образование – МВР
АРСМ – Фагус и Национални шуми Пехчево
Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители
Труд и социјала – Роми

Работничките спортски игри продолжуваат и во наредните денови, носејќи спортски дух, позитивна енергија и дружење меѓу сите учесници и посетители.

