Започна реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“ во село Русиново

Во рамки на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта, за 2025 година, започна реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“, во с. Русиново.
Проектот опфаќа санација на коловоз со должина од приближно 180 метри и широчина од 3 метри и одводнување на атмосферските води, со што ќе се обезбеди трајна заштита на коловозната површина и подобри услови за движење на жителите.
Со овој проект, се подобрува локалната патна инфраструктура и се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Претходно, на истата улица, од страна на ЈПКР ,,Услуга” Берово, извршена е замена на водоводните цевки, со што обезбедено е трајно и квалитетно решение за жителите, кои живеат на улицата.
Од Буџетот на Општина Берово за 2025 година, за реконструкција на оваа улица, ќе бидат потрошени 775.446,00 денари
Горе