Започна реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, започна реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово.

Со реконструкцијата на четвртата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници, со што Домот за стари лица, ќе добие капацитет од вкупно 67 корисници.

Средствата за реконструкција на четвртата ламела, се обезбедени од  Министерството за труд и социјална политика.

Се надевам дека конечно, ќе одговориме на барањата на корисниците, кој се во голем број и ќе сместиме нови корисници, кои ќе добијат соодветна нега и грижа во нашата установа. Оваа установа, е единствената од ваков тип на крајниот исток , при што интересот за користење на услугите на истата, секојдневно расте-истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

По завршувањето со градежните работи од првата фаза, ќе се пристапи кон втора фаза, за што општина Берово веќе има одобрен концепт , во рамки на Регионалните форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

Горе