Во с. Двориште се започна со реализацијата на проектот ,,Реконструкција на улици во с. Двориштe- Општина Берово” како еден капитален проект од огромно значење за селото.
Главната цел на овој проект е да се подобри моменталната состојба на патната инфраструктура во село Двориште, преку надградба на четири краци, во должина од околу 2.900m.
Проектните активности опфаќаат механичко сечење на асфалт со длабочина од 15cm, гребење на асфалт и расчистување на постојни цевководи, ископ на дренажен ров и монтирање на дренажен цевковод, поставување слој на тампон, поставување на битуменски слој и набивање на сите слоеви на асфалт.
Проектот е финансиран од страна на Светска Банка преку Министерство за Транспорт и врски.
Планот за управување со животна средина и социјалните прашања (ПУЖССП) за реализација на проектот, можете да го превземете на следниот линк:
За сите прашања во врска со самиот проект и проектните активности сите заинтересирани можат да се консултираат со Координаторот на проектот од страна на Општина Берово:
Елен Качулачка
Моб: 071/302-664
Тел: 033/471-057 локал 114
Емаил: [email protected]