Во рамките на активностите на Општина Берово, согласно Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, денеска, започна асфалтирањето на улицата „Индустриска 3“ во Берово.
Проектот опфаќа асфалтирање на улицата, во должина од 242 метри и широчина од 6 метри, целосно решено одводнување и изградба на тротоари од двете страни, со широчина од по 1 метар.
Со реализацијата на овој проект, правиме уште еден значаен чекор, кон унапредување на локалната инфраструктура, а жителите добиваат побезбеден и поквалитетен пристап до нивните домови и имоти.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.160.141,00 денари, од кои 4.574.573,00 денари се обезбедени преку јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти, преку Програмата АА – Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа. Средствата се обезбедени согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ за 2024 година, во делот на капитални проекти од областа на транспортот.















