Продолжуваме со подобрување на условите за развој на туризмот, како стратешка гранка за развој на Берово, при што денеска започна асфалтирањето на улица ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро.
Проектот опфаќа реконструкција на улицата, во должина од околу 510 метри, со проширување на постојната коловозна лента за 1m.
Со проектот ќе се подобри инфраструктурата и пристапноста до објектите за развој на туризмот, во различни области и кои придонесуваат за побогата и разновидна туристичка понуда во рекреативна или спортска смисла во источниот регион.
Од реализацијата на овој проект, бенефит, ќе имаат туристите, посетители љубителите на природата, здравиот начин на живот, планинарите, семјејствата кои викендите и слободното време го поминуваат во природа, сопствениците на угостителски и сместувачки капацитети, како и производители на здрава храна и на сувенири.
Проектот се реализира преку Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за регионален развој за 2021/2022 и за истиот ќе бидат исплатени 4.344.320,00 денари.