Започна активностите по Проект ,, Општинско корисна работа” за 2021 година, во Берово

Во рамките на проектот за Општинско корисна работа, започнаа активностите  по Проектите ,,За наше Берово” и ,,Еднакви можности” од Општинско корисна работа,  преку кои 31 невработени лица од Берово,  ќе добијат платен ангажман,  а нивните услугите ќе ги користат околу 300 крајни корисници.

Проектот е врз основа на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2021 година , усвоен од  Владата на РСМ, а согласно проект ,,Креирање на можности за работа за сите” а се спроведува преку УНДП, во соработка со Агеција за вработување и МТСП.

Образовен асистент, негователи за предучилишна возраст, фасилитатори за одржливи социјални услуги, негуватели за стари лица,  негуватели на лица со попреченост,  пост ковид негуватели, негуватели на лица заболени од Алцхајмер, мултиплекс склероза и палијативна нега, геренто домаќини, фасилитатор за здравствени информации во ромско население,  негуватели за стари лица и  негуватели за лица со попреченост се услугите кои можат да им се понудат на крајните корисници,  а поддршката ја добиваат во институциите на локално ниво и во домашни услови каде што е потребно.

Целта на овој проект е покрај работното искуство, давателите на услугите да добијат и теоретско занење, преку организирани платени обуки, да се стекнат со  соодветни квалификации,  поголеми знаења и вештини, како и сертификати кои ќе им помогнат за полесно вклучување и конкурантност на пазарот на труд.

Продолжуваме и во текот на 2021 година, активно да ги користиме мерките од опреативните програма и мерките за самовработување, преку АВРСМ, а во рамки на Владата на РСМ, со единствена цел, да го подобруваме животот на сите граѓани од општина Берово- истакна Пекевски.

Горе