Во миговите на чествување на најголемите христијански вредности, во духот на празникот над празниците, со кој се слави победата на животот над смртта, следејќи го примерот на Христа, Велигден нека донесе мир во душата, љубов во срцето и верба во Бога.
Слогата, хармонијата, мирот и толеранцијата, нека бидат неразделен дел од секое семејство, а деновите на празнување нека бидат исполнети со радост и среќа.
Со вера, љубов и надеж во нашите срца и души, да се сакаме и почитуваме и да дадеме свој придонес за посреќни семејства.
Честитки по повод Велигден, на сите христијански верници, со желби за убави празнични денови.
Христос воскресна! Навистина воскресна!
За многу години ВЕЛИГДЕН!
Општина Берово
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ