Втора фестивалска вечер во Берово со „Малешевско ѕвонче“, Андријана Петеушовска и „Амадеус Бенд“

Втората вечер од ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ и Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“ донесе богата програма исполнета со музика, детска радост и забава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово.

Публиката најпрво уживаше во Фестивалот на детски песни „Малешевско ѕвонче“, кој традиционално ги обединува најмладите таленти од регионот и нуди сцена за нови музички надежи. Детските изведби беа проследени со големи аплаузи и искрени насмевки, носејќи посебна топлина на вечерта.

Вечерната програма продолжи со настапот на Андријана Петеушовска, која со својот препознатлив глас и емоција ја освои публиката.

Кулминација на вечерта донесе настапот на популарниот Амадеус Бенд, кој со својот енергичен репертоар ја крена публиката на нозе и создаде незаборавна атмосфера на беровскиот плоштад. Фестивалот продолжува и утре, со нови концерти, настапи и културни содржини, со што Берово се претвора во центар на традицијата, музиката и забавата во регионот

Горе