Во рамки на проектот ИПА Адрион -ЛАНДС, делегација од Општина Берово присуствува на информативна средба во Сплит , Хрватска

Во рамки на проектот ИПА Адрион -ЛАНДС (Систем на сензори за земјиште и почва), деновиве делегација од Општина Берово присуствува на првата информативна средба во Сплит , Хрватска.
Средбата е организирана од носителот на проектот РЕРА СД -Јавна установа за координација и развој на Сплитско Далматинската жупанија.
На средбата учествуваат сите 11 партнери од: Македонија, Хрватска, Словенија, Грција, Италија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.
Беше разговарано за активностите кои ќе се реализираат во рамките на проектот и беше направена координација помеѓу партнерите.
Проектoот ќе се реализира во следните 30 месеци. Истиот е финансиран од Interreg VI-B Interreg IPA Adriatic Ionian Program (IPA ADRION).
Општа цел на овој проект е развивање и унапредување на истражувачките и иновативните капацитети и прифаќањето на напредни технологии, преку развивање вештини за паметна специјализација, индустриска транзиција и претприемништво.
Конкретно, проектот сака да го поддржи создавањето и развојот на WISE (социјални претпријатија со вклученост во работата), МSP (мали и средни претпријатија) и STARTUP, базирани на употреба на нови технологии за соочување со свлечишта и суши почви.
Горе