Соопштение до јавноста: Обврски за зимскиот период
Почитувани граѓани,
Од 15 Ноември, стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, и истата е со важност до 15 Март следната година.
Во врска со тоа, Ве информираме за обврските на сите учесници во сообраќајот и сопствениците на објекти, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
- 1. Обврски на Возачите
Сите возачи мора да обезбедат зимска опрема за своите возила:
Зимски гуми на сите тркала или синџири за снег, подготвени за употреба во снежни услови. За автобуси и товарни возила, задолжителни се синџири и помагала за одмрзнување.
Паркирањето на улиците и тротоарите, е строго забрането во зони каде што може да го попречи движењето на возилата на „Македонија пат” и комуналните служби. Ве известуваме дека, согласно Законот за безбедност на сообраќајот и за обезбедување непречен пристап, строго е забрането паркирање на возила пред влезовите на болници, училишта и други јавни установи. Оваа мерка е од особена важност, заради обезбедување брз пристап на итни служби и за безбедноста на децата и сите корисници на овие објекти.
Насоки за Паркирање:
Возилата треба да бидат паркирани во дворовите или на предвидените паркинг зони, во близина на објектите, без да го попречуваат пристапот до влезовите.
Непочитувањето на овие правила, може да доведе до санкции и отстранување на неправилно
паркираните возила.
Ве молиме за разбирање и одговорност при паркирањето, со цел заедно да придонесеме за безбедноста и непреченото функционирање на јавните установи.
- Обврски на Сопствениците на Објекти
Сите сопственици на деловни и приватни објекти, се обврзани да ги исчистат тротоарите и пристапните патишта, пред нивните објекти, од снег и мраз.
Исчистениот снег, не смее да се фрла на улицата и тротоарите; треба да биде отстранет на начин кој не го загрозува движењето на пешаците и сообраќајот.
- Обврски на Комуналните Служби и „Македонија пат”
Возилата на „Македонија пат” и комуналните служби, имаат приоритетен пристап до сите главни патишта и јавни површини, за чистење на снегот.
Ќе се обезбеди редовно и навремено одржуванье на патиштата, особено во близина на училиштата и зоните каде што има зголемен пешачки сообраќај.
- Санкции
Непочитувањето на обврските за зимска опрема и обврските кои произлегуваат од законските обврски, може да доведе до санкции, согласно Законот за безбедност на сообраќајот.
Затоа постапувајте одговорно и придонесете во безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Берово.