Во Берово ќе се градат пешачки патеки за унапредување на туризмот во регионот

Во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источно-планскиот регион“, започна реализација на нова инфраструктурна инвестиција во Берово, за унапредување на туризмот.
👉 Проектот опфаќа изградба на пешачка и велосипедска патека на две локации:
✅️Абланица – Беровско Езеро
✅️Регионалнен пат до Беровско Езеро,
Заради безбеден пристап, на предвидена локација, предвидено е изведување на армирано-бетонски скали.
🌿 Со овој проект, регионот, кој е веќе препознатлива туристичка дестинација со разновидна понуда, добива дополнителни содржини, што ќе придонесат кон збогатување на туристичката понуда и подобрување на условите за рекреација и активен туризам.
Целокупната постапката ја спроведува Центарот за развој на Источно-планскиот регион, поддржано од Министердтвото за локална самоуправа и Биро за регионален развој на планските региони за 2024, со индикативно планирани средства во 2025 година.
Со овој проект, регионот се позиционира како уште поатрактивна дестинација за љубителите на природата и активниот туризам.“
Горе