Во Берово е отворен ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2022 и саем на локални производи ,,Малешевијата на дланка”

Низ безброј весели и распеани малешевски ѕвончиња, на отворената сцена на плоштадот ,,Димитар Беровски”, денеска, во Берово, е отворено 12-тото издание на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ и Саемот на традиционални производи ,,Малешевијата на дланка”.
 Манифестацијата за отворена  ја прогласи Градоначалникот на Општиа Берово, Звонко Пекевски, кој на присутните им посака вистинско уживање и многу забава за време на фестивалските денови а на гостите пријатен престој во Берово.
Според програмата, вечерва настапуваат КУД,,Димитар Беровски’’, КУД ,,Љубомир Ивановиќ Геџа”, Штекица, Антониа Гиговска и Акапулко бенд.
Етно плоштад фестивалот го збогатува културно забавниот живот во Берово и воедно ги презентира националната традиција и фолклорното богатство.
Претсојниот викенд Берово ќе биде центар на културните случувања во истокот и следна дестинација на сите кои сакаат добра забава.
Горе