🏆 НАЈАВА ЗА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ 2026 – ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Во салата „Македонски Бранители“ во Берово, во организација и под покровителство на Општина Берово, со почеток во 18:00 часот, започнуваат Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал.

Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински.

Ги замолуваме сите екипи да бидат присутни на свеченото отворање во 18:00 часот.


📅 ПРВО КОЛО

(19.02.2026 година – четврток)

  • 18:00 часот – Образование – МВР

  • 18:30 часот – АРСМ – Фагус и Национални Шуми Пехчево

  • 19:00 часот – Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители

  • 19:30 часот – Труд и социјала – Роми


🎲 ЖДРЕПКА ЗА РСИ 2026

Во понеделник, 16.02.2026 година, во салата за Совет на Општина Берово, во присуство на претставници од сите екипи учесници, се одржа ждрепката за РСИ 2026.

По извлекувањето, кое се одвиваше во најдобар ред, беа формирани две групи:

ГРУПА А

  1. Образование

  2. Труд и социјала

  3. Роми

  4. МВР

ГРУПА Б

  1. АРСМ

  2. Општина Берово

  3. Приватни фирми и угостители

  4. Фагус и Национални Шуми Пехчево


⚽ СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

  • Натпреварите ќе се играат во две групи, секој со секој.

  • Во полуфинале ќе се пласираат првите две екипи од двете групи.

  • Вкрстување во полуфинале: А1 – Б2 и Б1 – А2.

Бодување:

  • Победа – 3 бода

  • Нерешен резултат – се изведуваат по 3 седмерци

    • Победник во пенали – 2 бода

    • Поразен – 1 бод

Времетраење:

  • Две полувремиња по 10 минути


📜 ПРАВИЛА НА ТУРНИРОТ

  • Дозволени се 4 фаули во едно полувреме.

  • За 5-тиот фаул во едно полувреме се изведува пенал од 9 метри.

  • За секој нареден фаул во истото полувреме повторно се изведува пенал.

  • Секоја екипа има право на еден тајм-аут по натпревар.

  • Замените се вршат со најава кај записничката маса, на предвиденото место.

Исклучувања:

  • 2 минути исклучување (при повторен прекршок од истиот играч – 4 минути)

  • 4 минути исклучување за потежок прекршок

  • 4 минути исклучување (црвен картон) за недолично однесување кон публика, судии или организациски одбор – играчот нема право на понатамошно учество ниту престој на клупата во тој натпревар


Почитувани спортисти, учесници и гледачи, Општина Берово како организатор на овие игри ви посакува добра и фер игра. Пред сè, да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух – и нека победи најдобриот!

Се гледаме во салата „Македонски Бранители“ во четврток (19.02.2026 година) во 18:00 часот.

Спортски поздрав!

Горе