Утре, Советот на Општина Берово ќе ја одржи 11-тата Седница

Советот на Општина Берово, утре, со почеток во 8:00 часот, преку zoom платформата ќе ја одржи својата 9-та седница.

На седницата ќе се најдат следните точки на дневен ред:

Д н е в е н  р е д:

Записник од 10-та Седница на Совет на Општина Берово;

  1. Предлог Одлука за промена на име на улица и определување на ново име на улица во Општина Берово;
  2. Предлог Одлука за збратимување помеѓу Општина Берово – Република Северна Македонија и Општина Буца – Република Турција;
  3. Предлог Одлука за збратимување помеѓу Општина Берово – Република Северна Македонија и Општина Раденци – Република Словенија;
  4. Предлог Измена на Решение за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво на општина Берово;
  5. Предлог Правилник за начинот и критериумите на остварување на правото на додаток за домување на материјално и станбено необезбедени лица;
  6. Измена на Програмата за активностите на Општина Берово во областа на културата во 2022 година;
  7. Предлог Одлука за Прифаќање на донација-противпожарно возило;
  8. Предлог Одлука за критериумите и постапката за распределба на средстава за финансирање на активности на здруженија на граѓани и фондациии од Буџетот на Општина Берово;
  9. Извештај за работа на ЈПКР„Услуга“Берово за 2021 година;
  10. Полугодишен извештај за работа на ОСУ„Ацо Русковски“ Берово за учебната 2021/2022 година;
  11. Годишен извештај за работа на Одделението за внатрешни работи Берово за 2021 година;
  12. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани, на КП 3252, 3253, 3256 и 3237, КО Берово вон-град, Општина Берово;
  13. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани,на КП 3125/1, 3127 и 3128, КО Владимирово, Општина Берово;
  14. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани,на КП 3880, 3881, 3882, 3886, 3887, 3888, 3889, 3890 и 3891,КО Митрашинци, Општина Берово;
  15. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани,на КП 2084, 2085, 2086, 2087, 2088, 2089 и 2090, КО Митрашинци, Општина Берово;
  16. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани,на КП 2406, 2407, 2409, 2410/1, 2410/3 и 2413, КО Смојмирово, вон град, Општина Берово;
  17. Финансиски извештај од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ (НСДП, ДСВМ, ЛП, СДУ, ДС, ППД, ПЕП21, ОМ, СРМ, СДАМ, ПДПР, ВМРО-НП, НА, ДПТ, ПДТ, ПЦЕР, СПЕР) предводена од СДСМ за Локалните избори 2021 година;
  18. Финансиски извештај од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“(Граѓанска опција за Македонија ГРОМ, ГЛАС за Македонија, Движење на национално единство на Турците, Демократска партија на Србите во Македонија, Демократска партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, Македонска акција(МААК),Нова либерална партија,Партија на Власите од Македонија,Партија на обединети демократи на Македонија,Роми обединети од Македонија, Работничко Земјоделска Партија на Република Македонија,Социјалистичка Партија на Македонија, Српска напредна странка, Комунистичка партија на Македонија – Титови сили,Народна Партија на Ромите) предводена од ВМРО ДПМНЕ за Локалните избори 2021 година;
  19. Финансиски извештај од политичка партија Родина Македонија;
  20. Барања од институции и граѓани;
  21. Советнички иницијативи и прашања.
Горе