Утре ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2026 година

Утре , на седница на Советот на Општина Берово, ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2026 година.

Предлог-буџетот е резултат на внимателно планирање и анализа на потребите на граѓаните, со цел обезбедување финансиска стабилност и континуитет во реализацијата на капитални проекти и тековни активности.

Предлог-Буџет 2026 година

На седницата покрај Буџетот, ќе се најдат и следниве точки на дневен ред:

Д н е в е н   р е д:

  1. Записник од 4-та Седница на Совет на Општина Берово;
  2. Нацрт Статут за измена на Статутот на Општина Берово;
  3. Предлог Статут за измена на Статутот на Општина Берово;
  4. Предлог Одлука за субвенционирање на ЈПКР “Услуга” Берово;
  5. Предлог О Д Л У К А за доделување на финансиски средства на Црвен Крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Берово;
  6. Предлог О Д Л У К А за давање на времено користење без надомест на недвижна ствар -просторија во зграда на ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово на Црвен Крст на РСМ Општинска организација Берово;
  7. Програма за работа на Совет на Општина Берово за 2026 година;
  8. Р Е Ш Е Н И Е за основање на Општински совет за социјална заштита во Општина Берово;
  9. Предлог Одлука за формирање на Локален Совет за превенција;
  10. Предлог Буџет на Општина Берово за 2026 година;
  11. Предлог О Д Л У К А за времено финансирање на буџетските потреби на Општина Берово за периодот од 1 јануари до 31 март 2026 година;
  12. Предлог Одлука за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2026 година;
  13. Предлог Буџетски Календар за 2026 година;
  14. Предлог ОДЛУКА за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници во Општина Берово за 2026 година;
  15. Предлог О Д Л У К А за продолжување на работно време на угостителски објекти за одредени туристички, културни и друг вид манифестации во општина Берово за 2026 година;
  16. Измена на Програма за активностите на Општина Берово во областа на културата во 2025 година;
  17. Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања од физички лица за добивање на еднократна парична помош за новородено дете;
  18. Предлог Измена на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово во 2025 година;
  19. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Берово во 2025 година;
  20. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за разрешување и именување на преставник од основачот во Училишен одбор на ООУ “Дедо Иљо Малешевски” Берово;
  21. Програма за работа на ЈПКР “Услуга” Берово за 2026 година;
  22. Деветмесечен финансиски извештај на ЈПКР “Услуга” Берово за 2025 година;
  23. Детален Извештај за активностите на Локалниот совет за превенција – Берово, за 2022, 2023, 2024 и 2025 година;
  24. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на донација – ДТ СТОКОМАК ДОО СКОПЈЕ
  25. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 846 дел 0 на ул.“Даме Груев” во Берово, Број на зграда 1, Намена Училишта и научни институции, Влез 1 ПР, (една просторија – С1), Внатрешна површина 52 м2 од 573 м2, заведена во Имотен лист бр.8307, КО Берово (просторија во објект стара Гимназија);
  26. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 584 дел 0 на ул.“Даме Груев” во Берово, Број на зграда 1, Намена Училишта и научни институции, Влез 1, ПР, (една просторија која се состои од ДП 11 = 37м2 + К = 14м2), со вкупна внатрешна површина за сите простории од 51 м2 од 262 м2, заведена во Имотен лист бр.8307, КО Берово (просториja во објект нова Гимназија – Ацо Русковски);
  27. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 2091 дел 0 на ул. “Маршал Тито” во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП (една просторија – број 1), Внатрешна површина 24 м2 од 138 м2, заведена во Имотен лист бр.8722, КО Берово (објект Бизнис Инкубатор во Берово);
  28. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 2091 дел 0 на ул. “Маршал Тито” во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП (една просторија – број 5), Внатрешна површина 25 м2 од 138 м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово (објект Бизнис Инкубатор во Берово);
  29. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 2091 дел 0 на ул. “Маршал Тито” во Берово, Број на зграда 1, Намена Б4, Влез 1 кат 1 ДП (една просторија – број 6), Внатрешна површина 20 м2 од 138 м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово (објект Бизнис Инкубатор во Берово);
  30. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 891 дел 0 на ул. “Маршал Тито” во Берово, Број на зграда 1, Намена Б1-3, Влез 1 ПР бр.1, ДП, Внатрешна површина 41 м2 и Влез 2 ПР, бр.1, ДП, Внатрешна површина 2 м2 (вкупна површина 43 м2), заведен во Имотен лист бр.8307, КО Берово – (Објект пред влез во Стара Гимназија во Берово);
  31. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на на катастарска парцела 2553 дел 2 на ул. “Маршал Тито” бр.107 во Берово, Број на зграда 1, Намена В3-6, Влез 1 ПР бр.1, ДП Внатрешна површина 151 м2 од 197 м2, заведен во Имотен лист бр.8722, КО Берово – (Објект Дом на Култура во Берово);
  32. Предлог О Д Л У К А за давање на недвижна ствар во закуп и одржување на катастарска парцела 2553 дел 2 на ул. “Маршал Тито” бр.107 во Берово, Број на зграда 1, Намена В3-6, Влез 2 ПР бр.1, ДП Внатрешна површина 15 м2, заведена во Имотен лист бр.8722, КО Берово (Објект Дом на Култура во Берово).
  33. Советнички иницијативи и прашања;
  34. Барања од институции и граѓани.
Горе