Утре ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2023 година

На утрешната 21-ва Седница на Совет на општина Берово, ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2023 година.

Предлог Буџетот, можете да го разгледате на следниот линк:

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023 ГОДИНА

На 21-вата седница на Совет, ќе се најдат следниве точки на дневен ред:

  1. Записник од 20-тата Седница на Совет;
  2. Заклучок за Измена на ЗАКЛУЧОК за одобрување на План на програми за развој на Општина Берово за 2023-2024 година;
  3. Предлог Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2023 година;
  4. Предлог Буџет на Општина Берово за 2023 година;
  5. Предлог О Д Л У К А за времено финансирање на буџетските потреби на Општина Берово за периодот од 1 јануари до 31 март 2023 година;
  6. Предлог Одлука за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2023 година;
  7. Предлог Буџетски Календар за 2023 година;
  8. Предлог ОДЛУКА за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници во Општина Берово за 2023 година;
  9. Предлог Годишна Програма за работа за 2023 година на ОЈУСЗСЛ “д-р Иван Влашки” Берово;
  10. Предлог Годишна Програма за работа на Дом на култура „Димитар Беровски“ Берово за 2023 година;
  11. Предлог Годишна Програма за работа на ЈПКР “Услуга” Берово за 2023 година;
  12. ИЗВЕШТАЈ за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Берово во 2022;
  13. Годишен извештај за работа на ООУ “Дедо Иљо Малешевски Берово за учебната 2021-2022 година;
  14. Предлог О Д Л У К А за определување на работното време на занаетчиските дејности, на подрачјето на општина Берово;
  15. Предлог О Д Л У К А за финансирање на партиципација за посета на јавна установа за предучилишна возраст за деца Роми, како поддршка на Проектот “Инклузија на децата Роми во предучилишно образование”;
  16. Предлог О Д Л У К А за продолжување на работно време на угостителски објекти за одредени туристички, културни и друг вид манифестации во општина Берово за 2023 година;
  17. ПРЕДЛОГ О Д Л У К А за сопствено учество на Општина Берово во реализација на проектот ,,Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово – 4 ламела”- Општина Берово (I фаза);
  18. Предлог Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања од физички лица за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија;
  19. Предлог Програма за работа на Советот на Општина Берово за 2023 година;
  20. Предлог Одлука за престанок и давање на трајно користење на пластични канти за отпад на ЈПКР Услуга Берово;
  21. Предлог Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на ОСУ “Ацо Русковски” Берово;
  22. Предлог Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Дом за стари лица “д-р Иван Влашки” Берово;
  23. Предлог Одлука за Донесување на „Измена и дополна на УПВНМ за Беровско езеро, за Локалитет АУРОРА“, Општина Берово;
  24. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација, Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Сончеви електрани, на КП 141, 144, 147, 149/1, 153, 159/1, 159/2, 162 и КП 163, КО Берово, Општина Берово, по барање на Соња Пипонска од Берово;
  25. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација, Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Површински соларни и Фотоволтаични електрани, на КП 6976, 6975/2 и дел од КП 6980, КО Берово вон град, Општина Берово, по барање на Игор Вангелов од Скопје;
  26. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација, Урбанистички Проект со намена Е1.13 – Површински соларни и Фотоволтаични електрани, на КП 3016 и КП 3017, КО Берово вон град, Општина Берово, по барање на Звонко Скендерски од Скопје;
  27. Давање на мислење по предлог Урбанистички проект со план за парцелација спојување на ГП 4.30 ГП 4.31 и ГП 4.32 од УПВНМ Суви Лаки;
  28. Давање на мислење по предлог Урбанистички проект со план за парцелација спојување на ГП 6.79 ГП 6.80  и ГП 6.81 од УПВНМ Суви Лаки:
  29. Советнички иницијативи и прашања;
  30. Барања од институции и граѓани.
Горе