Утре, 16.05.2023 година, со почеток во 11:00 часот, во Бизнис инкубаторот во Берово, ќе се одржи презентација на активните мерки од ИПАРД Програмата

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средства  од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници.

Со оглед на факот дека ИПАРД Програмата има многу голем опфат, во сите економски гранки, преку трите акредитирани мерки, се информираат сите заинтересирани граѓани, за користење на средства за инвестиции преку европскиот ИПАРД фонд,  дека утре 16.05.2023 година, со почеток во 11:00 часот, во Бизнис инкубаторот во Берово, ќе се одржи презентација на трите активни мерки од ИПАРД Програмата:

Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади и слично)

Мерка 3: Инвестиции во основни средства, за преработка и маркетинг од земјоделски производи (изградба на преработувачки капацитети- млекари, кланични  капацитети, млечни капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук и опремување со машини и опрема на истите и слично)

Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини (поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности кои се лоцирани во рурални средини)

Мерката 7, можат да ја користат сите производни компании, кои планираат да инвестираат во проширување на своите капацитети и унапредување на производниот процес.

На настанот како презентери ќе присуствуваат претставници на Телото за управување со ИПАРД и претставници на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Горе