Со 8 гласа ЗА и 7 воздржани советници, денеска, на 39 тата Седница на Совет на Општина Берово, усвоен е Буџетот на општина Берово, за 2024 година.
Вкупниот БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2024 ГОДИНА, е проектиран на сума од 372.941.000 – 6.064.081 евра.
Изгласаниот Буџет на Општина Берово, е со следниот распоред:
БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2024 ГОДИНА – 372.941.000,00 денари – 6.064.081,00 евра
ТЕКОВНО-ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 311.331.842,00 денари – 83%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 61.609.158,00 денари – 17%
ОСНОВЕН БУЏЕТ – 128.252.703,00 – 2.085.410,00 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 76.754.000,00 денари – 60%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 51.498.703,00денари– 40%
БУЏЕТ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ – 18.513.000,00 – 301.024,00 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 17.663.000,00 денари – 95%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 850.000,00 денари – 5%
ПРОГРАМА К2 – 200.000,00 денари
ПРОГРАМА Н1 – 145.000,00 денари (ООУ Дедо Иљо Малешевски-70.000,00 денари, ООУ Никола Петров Русински-75.000,00 денари)
ПРОГРАМА Н2 – 500.000,00 денари
ПРОГРАМА В1,ВА – 8.308.500,00 денари
ПРОГРАМА В2,ВБ – 9.360.000,00 денари
БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ – 207.527.000,00 денари – 3.374.423,00 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 198.846.420,00 денари – 96%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 8.680.580,00 денари – 4%
ПРОГРАМА К – 5.278.000,00 денари
ПРОГРАМА Н1 – 108.460.000,00 денари( ООУ ДИМ-91.974.080,00 денари ООУ НПР-16.485.920,00 денари)
ПРОГРАМА Н2 – 43.000.000,00 денари
ПРОГРАМА В1 – 31.599.000,00 денари
ПРОГРАМА В2 – 7.962.000,00 денари
ПРОГРАМА Њ0 – 11.228.000,00 денари
БУЏЕТ НА ДОНАЦИИ – 18.647.797,00 денари – 303.216,00евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 18.067.922,00 денари – 97%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 579.875,00 денари – 3%
ОКР – ПРОГРАМА Г1 – 3.239.000,00 денари
ПРОЕКТ РОМАКТЕД 2 ФАЗА – 500.000,00 денари – за реконструкција на 2 училници во ОСУ Ацо Русковски
РАЗВОЈНА-ШТИП И БЕРОВО-ПРОГРАМА ГА – 1.173.411,00 денари
ОЈУСЗСЛ Д-Р ИВАН ВЛАШКИ ( 1 ПРОЕКТ) – ПРОГРАМА В2 – 13.500.000,00 денари
ОСУ Ацо Русковски ( 1 ПРОЕКТ) – 235.386,00 денари
Буџетот на Општина Берово, за 2024 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита.
Буџетот е изготвен, водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2024 година, е развоен.
На 39-тата Седница на Совет на Општина Берово, денеска, како точка 8 на дневен ред беше точката Буџет на Општина Берово за 2024 , кој со 8 гласа ЗА и 7 воздржани советници е изгласан. Честитки за донесенот Буџет и се надевам дека сите планови кои се вметнати во програмите, ќе бидат реализирани. Би сакала да ја искористам приликата, во пресрет на новогодишните и божиќните празници , на сите жители на Општина Берово да им посакам среќни и успешни новогодишни и божиќни празници, истакна Претседателот на Совет на Општина Берово, Марија Буровска.
Изгласувањето на Буџетот значи дека продолжуваме понатаму со реализација на сите предвидени активности по програмите за 2024 година и да ги остваруваме очекувањата на граѓаните , за подобрување на квалитетот на живот. На сите граѓани на Општина Берово им посакувам многу здравје во новата 2024 година, лична и семејна среќа и многу успех- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Благодарност до советниците, на администрацијата, на невладиниот сектор и на сите чинители во процесот на креирање на Буџетот, за учеството во процесот на креирање на Буџетот и се надевам дека тој ќе ги исполни очекувањата на граѓаните- додаде Пекевски.