Непосредно пред Новата година, на 7-мата Седница на Совет на Општина Берово, беровските советници дадоа зелено светло и со 8 гласа за и 7 воздржани советници, го усвоија Буџетот на општина Берово за 2022 година, на седницата која што се одржа on line.
Вкупниот буџет на општина Берово е проектиран на сума од 312.690.000, 00 денари.
БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА – 312.690.000,00
ТЕКОВНО-ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 250.886.726,00 – 80%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 61.803.274,00 – 20%
ОСНОВЕН БУЏЕТ – 98.224.142,00
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 64.817.400,00 – 66%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 33.406.742,00 – 34%
БУЏЕТ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ – 16.199.000,00
ПРОГРАМА К2 – 120.000,00
ПРОГРАМА Н1 – 305.000,00 (ООУ ДИМ-180.000, ООУ НПР-125.000)
ПРОГРАМА Н2 – 200.000,00
ПРОГРАМА В1 – 7.150.000,00
ПРОГРАМА В2 – 8.424.000,00
БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ – 158.523.577,00
ПРОГРАМА К – 3.658.577,00
ПРОГРАМА Н1 – 81.748.000,00 ( ООУ ДИМ-69.077.060, ООУ НПР-12.670.940
ПРОГРАМА Н2 – 37.700.000,00
ПРОГРАМА В1 – 21.509.000,00
ПРОГРАМА В2 – 6.608.000,00
ПРОГРАМА Њ0 – 7.300.000,00
БУЏЕТ НА ДОНАЦИИ – 39.743.281,00
ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИ-ПРОГРАМА Г1 – 70.000,00
ОКР – ПРОГРАМА Г1 – 1.674.000,00
РАЗВОЈНА-ШТИП И БЕРОВО-ПРОГРАМА ГА – 6.125.000,00
РАЗВОЈНА-ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦА-ПРОГРАМА МББ – 22.741.931,00
ООУ ДИМ ( 3 ПРОЕКТИ)-ПРОГРАМА Н1,НА – 2.456.387,00
ОСУ АЦО РУСКОВСКИ-ПРОГРАМА Н2 – 1.293.963,00
ПРОГРАМА В1 – 400.000,00
ОЈУСЗСЛ Д-Р ИВАН ВЛАШКИ – ПРОГРАМА В2 – 4.982.000,00
Сметам дека Буџетот на Општина Берово е развоен и годината што следи ќе реализираме уште многу проекти за поубаво Берово. Буџетот ги содржи сите компоненти, предвидени во Програмите од одделенијата, секако дека ние и понатаму ќе аплицираме на отворените повици од повисоко ниво на власт и како што ќе ги добиваме трансферите ќе го прошируваме Буџетот., истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.