Евалуаторот на Ромактед програмата, Heidrun Ferrari,, кој е ангажиран од од Совет на Европа, денеска, во Берово, имаше можност да ги мониторира активностите кои се реализирани во рамки на РОМАКТЕД Програмата.
Во склоп на мониторингот, таа оствари средба со Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и со претставници од општина Берово.
Целта на средбата беше евалуација на спроведените активности во рамките на програмата, исполнување на целите на програмата и можностите за унапредување, согласно потребите на локалната заедница.
Покрај средбата со градоначалникот, се одржаа средби и со претставниците на институционалната работна група и локалната акциска група од ромската заедница, на кои се разговараше за реализацијата на Програмата Ромаактед и се договараа следните чекори.
На средбите, особено беше потенцирано справувањето со пандемијата од Ковид 19 и влијанието врз локалната заедница.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-20214, е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.